Кина ги отфрли наводите на „Волстрит Џурнал“ дека кинески дипломати разговарале со претставници на опозицијата во Венецуела за да ги заштитат своите инвестиции во земјата, нарекувајќи ги ваквите тврдења „лажни вести“.

„Волстрит Џурнал“ објави дека дипломатите, загрижени поради (кинеските) нафтени проекти во Венецуела и речиси 20-те милијарди долари што Каракас му ги должи на Пекинг, разговарале во Вашингтон со претставници на опозицискиот лидер Хуан Гуаидо, кој се прогласи за привремен претседател на Венецуела.

Портпаролката на кинеското Минестерство за надворешни работи, Хуа Чунјинг изјави дека ваквите наводи се неточни.

– Тој извештај не е точен. Тоа е лажна вест, рече Хуа.

Таа го повтори ставот на Пекинг дека прашањето за Венецуела треба да се реши со дијалог.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/02/2019 10:48