Министерството за финансии на САД воведе санкции за петмина вработени во разузнавањето и безбедносните служби блиски на „поранешниот претседател на Венецуела” Николас Мадуро.
– Министерството за финансии продолжува да се насочува кон вработените, кои му помогнале на нелегитимниот режим на Мадуро да го потисне народот на Венецуела, се вели во соопштението на Министерството.
Се прецизира дека меѓу лицата, кои се под санкции, се наоѓа раководителот на Националната разузнавачка служба на Венецуела (СЕБИН) и командантот на претседателската гарда. Нивниот идентитет не се открива. Нема информации и за тоа какви мерки се преземени против нив.