Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека во следните 24 часа ќе следи негова официјална објава во врска со Сирија.

Најавата доаѓа во време кога европските сојузници и Русија чекаат да видат како Трамп ќе ја спроведе во дело одлуката што ја донесе во декември минатата година за повлекување на 2.000 американски војници од Сирија.

– Ние имаме многу одлична објава поврзана со Сирија и успех во искоренување на калифатот (на Исламската држава) и тоа ќе биде објавено во следните 24 часа, изјави Трамп.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/02/2019 19:03