Сирискиот претседател Башар ал Асад изјави дека единствено сириската држава може да ги заштити групите кои се на северот на земјата.

– Секоја педа од Сирија ќе биде ослободена, а секој непоканет е непријател, изјави Асад во телевизиското обраќање.

Притоа тој не го спомна најавеното повлекување на 2.000 американски војници од северот на Сирија, но рече дека никој не би требало да се обложува дека Американците некого ќе заштитат. Американските медиуми претпоставуваат дека таа порака била упатена до курдските борци, кои се сојузници на САД на северот на земјата, а кои стравуваат од турски напади по повлекувањето на американските сојузници.

Асад навести дека САД ги „продале“ своите курдски партнери“ и порача дека сириската војска ќе се врати во таа област по повлекувањето на силите на САД.

– Никој нема да ве заштити освен вашата држава, нагласи Асад и ги повика сите бегалци да се вратат во својата татковина.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/02/2019 09:41