Германскиот фудбалски стручњак, Јирген Клинсман доби повеќе од 3,3 милиони американски долари од Федералната фудбалска федерација на САД.

Клинсман го предводеше тимот на САД во 2011 година, а во декември 2013 година неговиот договор беше продолжен за пет години. Сепак, соработката беше прекината во ноември 2016 година, а тоа ја чинело федерацијата 3,354 милиони долари, објавија американските медиуми.

Замената за Клинсман, селекторот Брус Арина, кој беше отпуштен во октомври 2017 година, потпиша договор за 900 илјади долари годишно.

Платата на следниот селектор на САД, Дејв Сарчан изнесуваше 223 илјади долари.

Во моментов предводник на американските фудбалски репрезентативци е Грег Берхалтер.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/02/2019 14:32