Оле Гунар Солскјер е способен да го извлече максимумот од талентот и вештините на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, чие раководство пак е должно да го назначи за постојан менаџер, изјави тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, кој ќе изведе својот тим во лута битка против „црвените ѓаволи“ овој викенд.

Јунајтед освои осум од девет натпревари под водство на Солскјер и се врати во топ 4, што изгледаше невозможно во времето на Жозе Мурињо.

– Се се сведува на тоа дали си способен да го извлечеш максимумот од потенцијалот на тимот и потоа да го развиеш дополнително. Очигледно е дека Солскjер го направи и тоа го претвора автоматски во менаџер за големи тимови. Јас сум негов колега и сум свесeн дека овие работи не се случуваат со магија. Не можеш само да посочиш едно лице и да му кажеш дека не е добар, туку ти ќе го направиш добар. За наша среќа, двајцата сме опкружени со одлични фудбалери и Солскјер врши прекрасна работа со неговиот“, рече Клоп во интервју за „Скај Спорт“.

Јунајтед, кој има 51 поени од 26 натпревари, игра офанзивно кај Норвежанецот, но Клоп смета дека тоа може да се промени во недела.

– Ќе видиме како ќе играат против нас. Тие практикуваат различни стилови. Сега сигурно гледаат повеќе кон нападот, но и контрата им е сериозна закана, особено со здрави Антони Марсијал и Џеси Лингард. Не се добри само во едно, можат да ти наштетат различни начини. Во моментов имам повеќе прашања отколку одговори. Сигурен сум само во тоа дека натпреварот ќе биде многу тежок физички и за двата тима, заврши менаџерот на Ливерпул.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/02/2019 12:34