Околу 13 часот џип марка „Волво“ заврши во коритото на реката Отиња, на потегот од Камениот мост до штипската гимназијата „Славчо Стојменски“.
Возилото паднало во коритото откако возачот возејќи наназад му блокирал педалот за гас. За среќа возачот нема повреди, но преживеал шок по падот од околу два метри од улицата директно во коритото на Отиња.
Штипските пожарникари веднаш пристигнаа на место на несреќата, но немаа соодветна опрема да го извлечат.