Шест лица од Кина се приведени, откако се обиделе нелегално да влезат во земјава, соопшти МВР.

Полициска патрола вчера во 11:10 во реонот на селото Лојане затекнала шест лица од Кина при обид за нелегално поминување на државната граница од Република Србија кон Република Северна Македонија.

Лицата се приведени во СВР Куманово за понатамошна постапка.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/03/2019 13:33