Културно информативниот центар „Романса“ интензивно се подготвува за претстојниот „Jazz Fortnight фестивал“ кој на 21 март ќе се одржи во Македонска Каменица.

Богатата културна понуда во М.Каменица, како што информира директорот на КИЦ „Романса“ Горан Огненовски почнува со театарската претстава „Умри Машки“.

-Нашата установа се подготвува за богатата културна понуда овој месец која ќе почне овој четврток со претставата „Умри Машки“ со која пред каменичката публика ќе се претстави театарот „Мирка Гинова“ од Демир Капија. Меѓу позначајните активности на културен план ќе го изводиме „Jazz Fortnight фестивалот“ кој ја стави Македонска Каменица на својата мапа, фестивал чии домаќини сме на 21 март, додека понудата ќе ја заокружиме со мелодрамата претставата Драга Јелена Сергеевна“, која е во продукција на Здружението за култура и уметност „Про Арте“ – Теактер студио, информира Огнановски.

Во моментот во оваа културна установа се вршат подготвителни активности и за поставување на новата кино опрема која ќе биде набавена како дел од меѓуграничниот проект со општина Белица, Р Бугарија.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/03/2019 18:04