Кумановскиот центар за култура „Трајко Прокопиев“ како организатор на меѓународниот фестивал „Денови на комедија“ доби 600.000 денари за одржување на годинешното 22 издание на фестивалот од Министерството за култура, сооштија денеска надлежните од установата.

Министерството за култура ги објави финалните резултати од годишниот конкурс за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2019-та година. Претходно овој фестивал не се најде во годишната програма на Министерството, што наиде на револт кај кумановци кои овој фестивал го сметаат за еден од најпрестижните во градот.

-Сметаме дека со овие средства и дополнителните кои ќе ги одвои локалната самоуправа ќе овозможиме и ќе понудиме квалитетна програма за кумановци, изјави директорот на НУЦК, Сашо Тодоровски.

Претходно установата за реализација на овој фестивал од Министерството за култура побара 2,5 милиони денари за организација на фестивалот, а претходните години поддршката од министерството се движеше од 600 до 800.000 денари.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/03/2019 01:19