Уметницата од Куманово Валентина Илијевска утре ќе настапи со перформанс „За тебе“ на 35-от фестивал „Сарајевска зима“ со наслов „Бучава и бес 2019“ во Сараево, Босна и Херцеговина. Перформансот ќе се одржи во просториите на „Дом оружаних снага“ во Сараево.

Илијевска и уште неколкумина уметници од Македонија ќе настапат на овој престижен фестивал.

– Прв пат кога беше реализиран перформансот, воедно и прво мое искуство со кое се сретнувам од ваков тип на карактер на уметност, искрено беше воодушевувачки. Таа реакција беше взаемна, во однос уметник и публика. Реакцијата и изразот на секој поединец беше изненадувачка, потајно се запрашаа и посегнаа за своето сопствено срце, изјави уметницата Илијевска.

Претходно уметницата настапи со перформансот во Домот на АРМ во Скопје.

Перформансот е поддржан и од фотографот Милош Нешковски, кој е член на познатиот Фото Кино Клуб „Козјак“ и при изведбата ќе бидат поставени подготвените фотографии.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/03/2019 16:33