Ѕвездата на ПСЖ, Нејмар може да се врати на теренот порано отколку што се очекуваше откако беа обелоденети резултати од здравствени проверки на Бразилецот.

Рехабилитацијата на напаѓачот е одлична и заздравувањето е забрзано. Нејмар се лекува од здобиен удар во десната нога.

– Се очекува 27-годишниот фудбалер да се врати во игра за кратко време, нагласуваат од таборот на ПСЖ. Засега, потребна е дозвола од лекарите во ПСЖ да може Бразилецот да почне со тренинзи со тимот.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/03/2019 18:24