Англискиот шампион Манчестер Сити ќе ја следи судбината на Челзи и до неколку дена ќе биде казнет со забрана за привлекување на нови играчи за два трансфер прозорци.

Причината повторно, како и во случајот со лондонскиот клуб, е систематско кршење на правилата за трансфери на малолетни играчи.

Се претпоставува дека „граѓаните“ ќе бидат обвинети за непочитување на правилото според кое правата на еден играч не може да бидат во сопственост на трета страна. Токму тоа го правеле од „Етихад“ преку аранжман со Нордсјеланд и академијата „Право на сон“, која се наоѓа во Гана, но е сопственост на претседателот на данскиот клуб.

Ако санкцијата биде потврдена, тоа ќе значи дека Пеп Гаурдиола нема да може да ги реализира своите планови за летна селекција. Според медиумите на Островот, Шпанецот сакал да привлече играчи за 150 милиони фунти.

Ова не е единствената опасност што виси над Манчестер Сити. ФИФА и Премиер лигата продолжуваат да го истражуваат клубот за прекршување на правилата за ферплеј. Овде, санкцијата за клубот може да биде вадење од Лигата на шампионите.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/03/2019 11:53