Тренерот на Арсенал, Унаи Емери го пофали својот тим за вештината да победува под притисок по импресивната победа со 3:0 против француски Рен, со која „топчиите“ ја избришаа негативата од 1:3 во првиот натпревар.

Арсенал се пласираше во четвртфиналето со вкупен резултат 4:3 и стана само вториот тим во историјата на Лигата на Европа, кој го елиминира ривалот по поразот со 1:3 во првиот натпревар.

– Тешко е да се израмни таква негатива, но момчињата реагираа совршено и јас сум горд со нив. Најдобар начин да се развиваш во фудбалот е да играш под притисок. Игравме како тим и покажавме добар фудбал во најтешките моменти. Демонстриравме едно добро ниво за сите 90 минути, прокоментира Емери.

Арсенал не играл во Лигата на Шампионите во изминатите две сезони, но тоа не го загрижува Емери, кој има посебен однос кон вториот по сила турнир Лига Европа. Стратегот го освои три последователни пати со Севиља во периодот 2014-2016.

– Им реков на играчите дека овој турнир, исто е возбудлив и е одлична можност за Арсенал да освои трофеј. Лига Европа исто така нуди емоции, гледате некои од фаворитите Интер и Севиља се аут – се случија се големи изненадувања, додаде Емери.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/03/2019 12:02