На денот на бројот Пи, кој се одбележува ширум светот, компанијата Гугл објави дека е соборен светскиот рекорд во пресметување на вредноста на тој број.

Првите цифри на Пи се 3,14, но тој е бесконечен и непериодичен број. Ема Харука Ивао, која работи во јапонската подружница на Гугл, го запишала Пи во должина од 31 милијарда цифри, што е далеку над претходниот рекорд од 22 милијарди цифри.

Натпреварот кој ќе достигне поголема должина на Пи, е забава за математичарите…

– Прилично сум изненадена. Сѐ уште се обидувам да сфатам што направив. Уривањето на светскиот рекорд е навистина тешко, изјави Ивао, која во Гугл работи три години.

НАСА претходно објави листа на кои сѐ начини се користи Пи. На неа се, на пример, пресметувањето на големината на падобранот за роверот испратен на Марс, одредувањето на бројот правоаголни камери потребни за мапирање на планетите, како и на вистинскиот миг кога вселенските летала влегуваат во Земјината Орбита.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/03/2019 16:31