Антонин Паненка, 75-годишниот поранешен фудбалер по кој е наречен ризичниот стил на изведување пенали, пристигна во шпанскиот град Фуенгирола, каде повторно ја изведе „паненката“ на мечот на ветераните.

Тој во легендарниот црвен дрес на Чехословачка се упати кон белата точка, а потоа меко ја удри топката од неа испраќајќи ја во лак на средината на голот, додека домашниот голман се фрли настрана. Со истиот удар во 1976 година ѝ донесе победа на Чехословачка против Германија во финалето на Европското првенство. Тоа беше при изведувањето пенали на европските финални мечеви, бидејќи натпреварот во регуларниот дел заврши 2:2.

Оттогаш многу фудбалери во светот го имитираат, горе-долу успешно.

„Некои изведуваат пенали повеќе естетски од другите, но најважно е да се постигне гол“, им рече Паненка на новинарите собрани на теренот во Фуенгирола, крајбрежен град во јужната провинција Андалузија. Таму егзибициски натпревар одиграа ветераните на Словачка и Фуенгирола.

Паненка со итар удар го измами голманот Хулио Осуна, исто како што пред речиси 48 години го совлада еден од најдобрите светски голмани Сеп Маер.

Офанзивниот играч за врска со мустаќи карактеристични за тој период изјави дека тогаш не импровизирал.

„Почнав да го вежбам тој удар две години порано, па го имав подготвено. Во текот на натпреварот се убедував себеси дека ќе испадне добро“, додаде тој.

И се покажа добро. Паненка се пошегува дека потоа со години не разговарал со Маер.

Шест години подоцна, тој реализираше и пенал на Светското првенство во Шпанија во 1982. Неговиот удар во 85. минута беше доста силен, а топката отиде во спротивна насока од онаа во која се фрли францускиот голман Жан Лук Етори. Тој удар за конечните 1:1 немаше врска со „Паненка стилот“.

„Не можев да го изведам ударот на ист начин… Генерално изведев вкупно 30 пенали и промашив само еден“, се присети Словакот. “ Чехословачка се распадна на Чешка и Словачка во 1992 година, а неговиот познат шут сè уште живее.

„Мојата пенал е историска меморија која се повторува од генерација на генерација“, изјави тој.

Паненка вели дека е среќен што на ваков начин влегол во историјата на фудбалот, но истовремено не е среќен што е запаметен само по тоа.

„Дури и денес ми се поставуваат толку многу прашања за тој удар. Би бил милионер ако тие прашања беа пари“, заклучива смеејќи се.

Паненка денеска е претседател на чешкиот прволигаш Боеми од Прага.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/04/2024 05:16