Американецот Глен Бербер доби големо богатство „ловејќи“ голф топчиња. Кога останал без работа пред 14 години, Американецот Глен Бергер се сетил на генијална идеја, која му овозможила да стане милионер.

Тој почнал да ги собира топчињата за голф, кои завршувале во езерото близу неговата куќа на Флорида, по несреќните удари на голферите.

Подоцна ја проширил својата активност на целата територија на оваа американска држава. Според сопствени проценки, годишно собира меѓу 1,3 и 1,7 милиони топчиња, или дневно околу 4.000. Потоа тој ги чисти, па ги продава за еден долар парче.

На овој начин од 2001 година успеал да заработи 15 милиони долари. При тоа не смее да се занемари ниту еколошкиот аспект од неговата работа.

– Пронаоѓав парчиња мебел, колички за голф, косилки, но се сретнав и со безброј алигатори, раскажа за телевизијата Катерс овој необичен милионер.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/04/2024 06:29