Фабио Канаваро е новиот селектор на фудбалската репрезентација на Кина.
Се уште не е јасно дали поранешниот дефанзивец на Јувентус ќе биде на чело на репрезентацијата за постојано или ќе извршува привремени должности.
Дебито на Канаваро како селектор на Кина ќе биде против Тајланд на 21 март. Доколку победат репрезентацијата на Кина ќе се соочи со победникот од натпреварот Узбекистан и Уругвај во финалето од Купот на Кина.