Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ја коментираше жрепката за четвртфиналето во Лигата на шампионите укажувајќи дека шансите се подеднакви за нив и за противникот – Тотенхем.
-Задоволство е што сме во 1/4-финалето од тој турнир. Се познаваме едни со други многу добро со Тотенхем. Имаме голема почит кон тој тим. Шансите се 50 спрема 50. Ќе се обидеме да бидеме во најдобра форма и да одиграме два добри натпревара, нагласи Гвардиола.
-Секој тим има предности и слабости. Истото важи и за нас. Тоа ќе биде тешко, но тоа ќе биде случај за кој било друг тим , рече Гвардиола.
Тотенхем е домаќин на првиот четвртфинален натпревар на 9 април, а реваншот е на 17 април.