На состанокот на Советот на ФИФА во Мајами денеска беше усвоена препорака да се организира Светското првенство во 2022 година со 48 репрезентации.

За проширување на Мундијалот од 32 на 48 екипи, одамна се залага првиот човек на ФИФА Џани Инфантино, а сега таа одлука е близу до реализација.

ФИФА ќе донесе одлука за најмалку уште една друга земја од Персискиот Залив, заедно со Катар, во која ќе се организира следното Светско првенство во фудбал.

Конечната одлука ќе биде донесена за време на Конгресот на ФИФА, што ќе се одржи во јуни во Париз.

ФИФА во Мајами усвои уште една важна одлука.

Светското клупско првенство во 2021 година ќе собере 24 тимови и ќе се одржи во јуни и јули, наместо декември. На таа одлука силно се спротивстави Европската асоцијација на клубови, која им се закани дека клубовите од стариот континент нема да учествуваат на Светското клупско првенство.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/03/2019 19:16