На барање на публиката, балетската претстава во два чина „Ана Каренина“ со одбрана музика од рускиот великан Петар Илич Чајковски, повторно ќе биде изведена на сцената на МОБ на 19 март 2019 од 20:00 часот.
Во повеќе од два часа, балетските уметници на МОБ, на чело со впечатливиот танц и инспиративните движења на Мими Поп Алексова Атанасовска како Ана Каренина, Бобан Ковачевски како Вронски, Васил Чичијашвили од Грузија како гроф Каренин, ќе ги пренесат сите емоции кои го означуваат ова дело: љубов, страст, омраза, лутина, гнев, љубомора, тага, мајчинска болка…
Модерната адаптација на познатата приказна за љубовта, страста, болката и жртвувањето, со современи и ефектни кореографски и режисерски решенија и со одбрана музика од Чајковски, ја направи хрватскиот кореограф Лео Мујиќ. Тој пред осум години ја поставил „Каренина“ во Хрватско народно казалиште во Загреб каде е прогласена за хит претстава.“ – СМАРТ СДК.МК (26 декември, 2018).