Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер изјави дека тимот треба да биде подготвен да победи против сите во Лигата на шампионите.

„Црвените ѓаволи“ во четвртфиналето на турнирот ќе се сретнат со еден од фаворитите за титулата – Барселона.

– Ако можеме да постигнеме пристоен резултат дома, тогаш можеме да ги победиме сите, како што направивме во Париз. Ги очекуваме овие натпревари со нетрпение и среќни сме дека се пласиравме во четвртфиналето. Ако сакате да ја освоите Лигата на Шампионите тогаш треба да бидете во можност да ги победите сите, изјави Солскјер за „9 спорт про“.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/03/2019 13:43