Раководството на францускиот гигант ПСЖ покажа дека не е важно кој играч не ги почитува правилата во клубот, казната е задолжителна. Токму тоа ќе го почувствува една од најголемите ѕвезди на клубот – Килијан Мбапе, кој беше казнет од шефовите на „Парк де Пренс“.

Францускиот репрезентативец ќе мора да плати 180.000 евра за прекршување на клупските правила. Голгетерот задоцнил за состанок на тимот пред натпреварот меѓу ПСЖ и Марсеј на крајот на октомври минатата година.

Мбапе ја прифатил казната и потпишал документ според кој парите ќе бидат директно испратени во фондацијата на ПСЖ.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/03/2019 13:45