Манчестер Јунајтед го одигра својот најлош натпревар под водство на Оле Гунар Солскјер, соопшти норвешкиот стратег.
„Црвените ѓаволи“ изгубија од Вулверхемптон со 1:2 во четвртфиналето од ФА Купот и беа елиминирани од турнирот, што е големо разочарување за навивачите на тимот.
– Морам да признаам дека тоа беше голем чекор назад. Ова беше нашата најслаба изведба уште од времето кога дојдов во тимот. Минатата недела бевме задоволни од нашата игра, и покрај поразот од Арсенал, но сега цело време ни недостасуваше квалитет, објави Солскајер.
Според него, резултатот од вчерашниот дуел е нормален, бидејќи едноставно не заслужиле да победат.
– Јасно е дека сме разочарани, но нема смисла да жалиме. Сè уште има за што да играме и по паузата за националните тимови мораме да бидеме на вообичаено ниво. Очекуваме цврсти натпревари и играчите да бидат на вистинско ниво за нив, додаде Солскјер.