За Јувентус ова беше прв пораз во Серија А, но не и во сезоната – имаа три неуспеси во Лигата на шампиони и еден во Купот на Италија.
Џенова уште еднаш се покажа како „тврд орев“ за Јувентус, откако Старата дама го доживеа првиот пораз во домашното првенство.
Шокот за „старата дама“ следеше во 72. минута кога Стефано Стураро го совлада голманот Матија Перин кој исклучително лошо го процени летот на топката. Стураро постигна гол само неколку минути откако влезе во игра како замена за Дарко Лазовиќ.
Точката на натпреварот ја стави ветеранот на европскиот фудбал Горан Пандев. Нашиот искусен 35-годишен фудбалер со мајсторски шут ја погоди мрежата и ги постави конечните 2:0 на натпреварот.