Натпреварот меѓу Барселона и Атлетико Мадрид (0-2) од женската Ла Лига што се одигра вчера, е најпосетен женски фудбалски натпревар.

На дербито што се одигра на Ванда Метрополитано присуствуваа 60.739 гледачи.

Досега најпосетен женски натпревар во фудбал беше меѓу Тигрес и Монтереј на кој имаше 51.211 гледачи. Третиот натпревар на таа „топ листа“ е дуелот на Сан Мамес меѓу Атlетиk Билбао и Атлетико Мадрид што се играше во јануари – 48.121 гледач.

На натпреварот Челзи – Арсенал за Купот на Англија имало 45.123 гледачи. Во топ-5 е и натпреварот во Мексико меѓу женските тимови на Тигрес и Америка на кој присуствувале 41.121 гледач.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/03/2019 17:11