Капитенот на Барселона, Лео Меси, се приклучи денеска на аргентинската репрезентација во спортскиот камп на Реал Мадрид, Валдебебас. Тој ќе игра за првпат за националната селекција по СП во Русија, на пријателски натпревар против Венецуела на стадионот Атлетико Мадрид.

Покрај натпреварот против Венецуела в петок во Мадрид, Аргентина ќе игра против Мароко четири дена подоцна.

Откако испаднаа во 1/8-финалето на СП во Русија, Меси зема пауза за натпревари за националниот тим, што доведе до шпекулации дека повеќе нема да игра за „гаучосите”.

Во последно време, Меси игра одлично – „хет-трик” во победата од 4-1 против Бетис во неделата. Со 29 постигнати голови, тој е прв стрелец во Шпанија оваа сезона.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/03/2019 01:24