ПСЖ ја доби судската битка со УЕФА во процесот за непочитување финансиски ферплеј. Арбитражниот окружен суд пресуди во корист на францускиот клуб во судскиот процес со УЕФА.

ПСЖ беа под истрага за за непочитување финансиски фер-плеј, но по денешната одлука процедурата е прекината и одлуката на Спортскиот арбитражен суд е конечна и не подлежи на обжалување.

Во јули лани УЕФА запре истрага, но подоцна по наредба на претседателот на Комисија за финансиска контрола во европската фудбалска централа процесот беше обновен На крајот тоа заврши во корист на францускиот гигант. ПСЖ се сврте кон судот во Лозана, тврдејќи дека УЕФА ги прекршила сопствените правила.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/03/2019 19:03