Зошто, едноставно, овие членови на комисијата кои не се согласуваат со скандалозната распределба на парите, не одбија и не си заминаа од ова тело, прашува композиторката Ана Пандевска, која вечерва беше готинка во Отворено на Алфа.

-Прашањето не е од сега, но е уште еден доказ како државата не третира. Редно време е во политиката да се вреднуваат и по медиумите и по социјалните мрежи: уметниците, а не политичарите, вели Пандевска.

„Денови на македонската музика“ е планирано да се отвори на 6 април со гости од Австрија , но што ќе се преземе ќе зависи од одговорот на министерот за култура.

-Составот на комисијата само го потврдува фактот за отсуство на занење на тие кои одлучуваат за тоа што значи едно културно-уметничко обележје за една држава. За да бидат дел од комисијата тие луѓе трба да се сериозно инволвирани во уметничките кругови. Ако во овој случај некои повисоки инстанци влијаеле врз одлуката кој ќе ги добие парите, тогаш таа комисија, или нејзините членови, не ги спречува никој да си заминат од позициите и јасно да кажат дека не сакаат да се дел од вакви распределби, додава Пандевска.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/03/2019 03:25