На Правниот факултет „Јустинијан Први“ денеска ќе биде промовирана книгата „Реторика – Историски и современи аспекти“ од група на автори, во издание на „Арс Ламина ‒ публикации“. Книгата содржи познати судски говори од: Сократ, Цицерон, Томас Мор, Вероника Франко, Жан-Пол Мара, Сузан Ентони и Вељко Губерина.

Автори се професоритe Мирјана Поленак-Аќимовска, Владо Бучковски, Гоце Наумовски, Димитар Апасиев и Јован Андоновски.

-Во основата „Реторика – Историски и современи аспекти“ смета дека вистината се наоѓа во средбата помеѓу двата збора – на оној што говори и на оној што слуша, а сака да говори. Им служи и на трети лица, бидејќи подразбира дека, во секој случај, треба да се води сметка за верувањата и вредностите на сите кои се противници на изречената реч, наведува издавачот.

Додава и дека преку оваа книга може да се добијат основни знаења за реториката како вештина и дисциплина, да се дознаат историските и современите аспекти на реториката, но и да се пронајдат практични совети како да се одржи добар говор, како да се учествува во дебата, како да се сфати намерата на противникот во спорот и, на крај, како да се победи.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/03/2019 17:05