Успешното користење на средствата од ИПАРД 2 прогрмата од страна на млекарницата „Сентис“ АГ од тетовското село Џепчиште. Ова беше главната причина за денешната посета на вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, директорот на Агенцијата за финасиска поддршка на земјоделството и руралниот развој Никола Бабовски и градоначалничката на општина Тетово Теута Арифи на овој успешен преработувачки капацитет од млечната индустрија.

Според вицепремиерот Анѓушев млекарницата „Сентис“ АГ во Џепчиште е еден од поголемите вакви капацитети во Северна Македонија.

-Средствата добиени од ИПАРД програмата ги искористиле за купување нова опрема за контрола на квалитетот на млекото што веќе е ставена во функција, како и новата линија за производство на јогурт. „Сентис“ АГ е компактна фабрика што ги задоволува сите стандарди за производство и тоа не охрабрува сите програми на Владата да ги насочиме за помош на индустријата и вакви субјекти во преработувачката индустрија на земјоделските производи. Токму затоа законот за финасиска поддршка го проширивме за опрема за преработка на земјоделски производи со цел да ги заштитиме земјоделците и да им овозможиме своето производство да не го продаваат како свежо, туку преработено со што се добива додадена вредност но и се зголемува трајноста на производите. Така тие нема да мора да ги продаваат своите производи кога има најниска цена или пак дел од производството да не го продадат, изјави Анѓушев.

Според министерот Николовски развојот и новите преработувачки капацитети за земјоделските производи се главната цел и на надлежните државни институции поради што тие инсистираат на користење на ИПАРД програмата за оваа намена како што е успешниот пример со оваа млекарница во Тетовско.

-Со вакви капацитети ги решаваме проблемот со вишокот на производство во земјоделството и добиваме производи со додадена вредност што и се извезуваат. Во првиот повик за ИПАРД 2 програмата за целата држава имаме склучено 950 договори од кои 760 веќе ги повлекле средствата и вкупната сума е 8,3 милиони евра. Минатиот месец завршивме со два нови повика од оваа европска програма и тука имавме над 1200 договори што беа доставени до платежната агенција и чии износи надминуваа 33 милиони евра. Очекувам дека и тука процедурите ќе бидат брзо завршени и обработени по што ќе бидат и склучени. Очекувам дека кон средината на годината ќе имаме и нови повици за ИПАРД програмата што уште повеќе го потврдува фактот дека Северна Македонија е лидер во регионот за овие програми и ние ќе ги пренесеме нашите искуства и позитивни и негативни на другите околни земји, рече Николовски.

Сопственикот на „Сентис“ АГ Сервет Ќазими посочи дека поседуваат квалитетна машини за производство на млеко, јогур и други млечни производи и оти имаат извонредна соработка со многу млекопроизводители во регионот.

-Со средствата од ИПАРД 2 програмата набавивме машина за полнење јогурт и кисело млеко, а ја осовременивме и линијата за контрола на квалитетот на нашите производи. Сметам дека и другите фирми и фармерите може само да добијат доколку се вклучат во оваа програма, рече Ќазими.

Директорот на Агенцијата за финаскиска поддршка на земјоделството и руралниот развој Никола Бабовски смета дека преку примерот на „Сентис“ АГ и користењето на ИПАРД 2 програмата може да се направи успешна фирма во рурална средина.

Ние и како Влада, и како Министерство и како Агенција максимално се вложуваме ваквите средства од европските програми да бидат навремено исплатени на корисниците. Во последниот повик од мерката 3, што се однесува за преработувачки капацитети имаме рекордни 65 барања со вредност од 18 милиони евра што го покажува големиот интерес на нашите преработувачи особено од руралните средини.

Градоначалничката на општина Тетово Теута Арифи рече дека компанијата „Сентис“ АГ со години наназад дава придонес во развојот на градот и општината, а нивниот пример со успешно користење на средствата од ИПАРД 2 треба да го следат и повеќе други компании.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/03/2019 14:46