Во преполната голема сала од Центарот за култура „Марко Цепенков“ синоќа беше премиерно изведена претставата „Викенд на мртовци“ според текстот на Миле Попоски, во режија на Саша Нацевски, а во изведба на Училиштето за театар „Чин 4, Сцена 5“ кое работи во склоп на Центарот за култура како аматерка театарска група.

Претставата, која побуди голем инетерес кај прилепчани е од хуманитарен карактер бидејќи парите од влезниците се наменети за три хумани цели. Акцијата ја спроведува театарската трупа во соработка со прилепската локална самоуправа.

Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, кој ја поддржува и ја поздравува акцијата, наведе дека тоа е голем театарски настан, но и голема хуманост на сите.

– Со средствата кои ќе се соберат од продажбата на влезници предвидено е да се инсталира лифт за лицата со хендикеп во Центарот за култура „Марко Цепенков“ со цел да се олесни пристапноста до големата сала, да се промени дограма во дневниот центар „Ѕуница“ и да се набават четири компјутери за потребите на посебните паралелки во ОУ „Климент Охридски“. Прилепчани досега покажаа огромна интерес за оваа претстава, рече Јованоски.

Претставата ќе има десет изведби и од сите ќе се собирата средствата за хуманите цели.

Режисерот на претставата Саша Нацевски нагласи дека повеќе од два месеца напорно и плодно се работеше и покрај актуелните членови играат и ветерани на театар „Чин 4 сцена 5“.

– Самата претставата говори, како што знаеме, како едно семејство се справува со смртта на свој член и низ екомичен и алегоричен начин е претставена сета ситуација. Се обидовме да се дистанцираме од филмот „Викенд на мртовци“ и мислам дека успеавме да создадовме своја претстава која публиката ќе ја гледа засебно од филмот. Покрај актуелните членови на театарската трупа, во претставата учествувата и поранешните членови кои некои можеби не стапнале на сцената и 10 години. Но провејува љубовта кон театарот и оваа уметност, рече Нацевски.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/03/2019 15:10