На Светскиот ден поезијата 21 Март, дирекцијата на Струшки вечери на поезијата денеска во МАНУ ќе го прогласи добитникот на „Златниот венец“ на 58-то издание на поетскиот фестивал, кој традиционално се одржува на крајот од август.

Наградата „Златен венец“ е востановена во 1966 година. До 1971 се доделувала за најдобра необјавена песна прочитана на фестивалот, а од 1971 – за целокупен поетски опус.

На лауреатот му се врачува на меѓународниот поетски митинг „Мостови“ на затворањето на Струшките вечери на поезијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/03/2019 16:31