По повод 21 март, Светскиот ден на поезијата, локалната библиотека „Гоце Делчев“ – Велес и клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ денеска во просториите на библиотеката организираа поетско читање, а подарија и книги на свои читатели.

Како што информира Игор Крајчев директор на библиотеката и писател, на поетското читање во свои стихови учествуваа повеќе поети од Велес: Лила Арсова, Божидар Јовиќ, Гордана Б. Николовска, Нада Алексоска, Јасмина Ѓоргиева, Родна Јанчева, Атанас Крлевски, Марина Стојанова , Олга Новачева.и Игор Крајчев. Гости на настанот беа средношколците од ССОУ „Коле Неделковски“.

Инаку, Светскиот ден на поезијата 21 март, УНЕСКО го прогласи на својата 30 сесија во Париз, во 1999 година, а има за цел да ја слави поезијата како средство за универзална уметничка комуникација меѓу луѓето од целиот свет.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/03/2019 17:26