При вчерашната експлозија во хемиска фабрика во источниот дел на Кина загинаа 47 лица, а 640 лица се хоспитализирани, од кои 90 лица се во тешја здраствена состојба.

Локалните власти во Јангченг, во провинцијата Џангсу, соопштија дека се уште не е позната причината за експлозијата во фабриката „Тјанџаји хемикал продакшен“.

– Експлозијата доведе до евакуација на околу три илјади вработени во фабриката и околу илјада локални жители, се наведува во соопштението.

Во областа се затворени училиштата и градинките.

Националниот центар за сеизмологија на Кина соопшти дека во градот во кој се случи експлозијата, е регистриран земјотрес со интензитет од 2,2 степени по скалата на Рихтер.

Фабриката работи од 2007 година. Шестпати е казнувана поради загадување на воздухот и лошо управување со отпадот. Во нејзина близина има уште неколку хемиски фабрики.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/03/2019 09:54