Мажот (44), кој денеска удри со автомобил во пешаци во градот Заојанг, и усмрти шест лица, а пред нападот ги избодел сопругата и ќерката, објави „Саут Чајна морнинг пост“.

Мажот е убиен од страна на полицијата.

Во нападот, кој се случил во околу шест часот по локално време во провинција Хубеј, во централниот дел на земјата, загина и едно дете.

Во Кина во последните години зачестија нападите со автомобил. Во септември минатата година најмалку 11 луѓе беа убиени откако маж со автомобил влета во група пешаци во јужна Кина, поради одмазда што бил осуден за кривични дела.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/03/2019 10:21