Јужна Кореја денеска соопшти дека Северна Кореја го повлекла својот персонал од меѓукорејската канцеларија за врски во таа земја.

Од Министерството за обединување во Сеул соопштија дека Пјонгјанг контактирал со Јужна Кореја во канцеларијата за врски во Кесонг и тогаш ја соопштиле својата одлука. Министерството оцени дека чекорот е за „жалење“, посебно што Северна Кореја не ги соопштила причините за таквата одлука.

Концеларијата за врски во севернокорејскиот пограничен град Кесонг беше отворена минатиот септември, како чекор за помирување на двете земји.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/03/2019 12:21