Тимот на Париз Сен Жермен се обидува да го привлече играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Андер Ерера, чиј договор истекува на крајот од сезоната, изјави „Сан“.

Според публикацијата, 29-годишниот Шпанец е во напредни преговори со „црвените ѓаволи“ за нов договор, но парижаните му понудиле договор за 3 сезони со неделна плата од 150.000 фунти.

Ерера пристигна на „Олд Трафорд“ од Атлетик Билбао пред 5 години за 29 милиони фунти, а пред да биде повреден тој редовно беше меѓу стартните 11 во тимот на Оле Гунар Солскјер.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/03/2019 13:05