Стапката на невработеност во 2018 година изнесувала 20,7 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Стапката на невработеност во 2017 година, покажуваат податоците на заводот, била 22,4 отсто.

Активното население во 2018 година изнесува 957.623 лица, од кои вработени се 759. 054, а 198.569 лица се невработени.

Стапката на активност во овој период е 56,9, стапката на вработеност 45,1, а стапката на невработеност во 2018 година изнесувала 20,7 отсто.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/03/2019 16:53