Повеќе десетици илјади Алжирци денеска повторно се собраа во главниот град на земјата со барање за итна оставка на претседателот Абделазис Бутефлика.

И покрај обилниот дожд, демонстрантите, кои носеле алжирски знамиња и памфлети, се собраа на истото место на кое пред еден месец почна бранот протести против 20-годишното владеење на Бутефлика.

На лице место се распоредени полициски камиони, но за сега не се пријавени никакви судири меѓу демонстрантите и безбедносните сили.

Се очекува протестите да се прошират после денешните молитви, како што беше случај во претходните четири протести кои беа одржани во петок.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/03/2019 17:01