Македонска Каменица синоќа беше втората станица на првото издание на новиот џез фестивал „Jazz Fortnight” кој ќе се одржи во вкупно седум града со вкупно предвидени шест состави што ќе одржат 15 концерти. За синоќешната програма пред каменичани беа задолжени Симон Киселички Трио, перформанс што, како што истакна директорот на Културно информативниот центар „Романса”, првпат се одржа во Македонска Каменица.

-Ова е настан во чии рамки имавме можност првпат да уживаме во џез музиката што беше претставена од врвни музичари, кои ништо не препуштија на случајноста и ги воодушевија присутните во салата на Домот на културата, истакна Огнановски.

Симон Киселички, фестивалот го опишува како посебна музичка авантура, чии концерти продолжуваат во уште неколку градови во државата.

-Конкретно Симон Киселички – Трио освен во Македонска Каменица ќе има концерти во Куманово, Битола и Скопје, така што ја поканувам публиката да ужива во нашите настапи, истакна Киселички.

Jazz Fortnight фестивал почна на 20 март, а ќе трае до 3 април 2019 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/03/2019 17:45