Скопје, 25 март 2019 (МИА) – Македонско-руската стопанска комора денеска организира деловна средба на тема „Иднината на економските односи со Руската Федерација“.

Средбата се организира по повод 14-годишнината од постоењето на Македонско-руската стопанска комора.

Организаторот најавува обраќање на амбасадорот на Руската Федерација, Сергеј Александрович Баздникин и на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/03/2019 09:16