Работници, кои градат џамија во југозападниот дел на Франција, денеска пронајдоа отсечена свинска глава и животинска крв на влезот на објектот.

Изградбата на џамијата во малото гратче Бержерак долго време беше оспорувана. Предлогот беше даден во 2017 година, но конечно одбрение за градба доби во октомври 2018 година и покрај големото противење на локалните жители.

„Сторителите ги измачкаа ѕидовите со животинска крв и ставија глава од свињи на предната страна од градилиштето, изјави заменикот-обвинител на Бержерак, Шарл Шаролоа.

Вандализмот се случил во текот на ноќта, но откриен кога работниците пристигнале на работа утрово.

Фредерик Перисат, полицискиот комесар на Бержерак, категорично ги осуди овие дејства кои ја повредуваат слобода на совест и изразување и се противат на принципите на поделеност меѓу црквата и државата, и повика на взаемно почитување во заедницата. .

Франција е дом на најголемите муслимански и еврејски заедници во Европа, a и двете вери се соочуваат со зголемен број инциденти поврзани со верска омраза во последниве години.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/03/2019 20:31