Лидерот на Хамас, Исмаил Ханја изјави дека неговата група силно ќе одговори на одмаздата што ја спроведува Израел со напади врз цели на Хамас во Појасот Газа.

Во денешната писмена на Ханја се посочува дека палестинскиот народ нема да се предаде и оти нивните милитантни фракции ќе го одвратат непријателот доколку ја мине црвената линија.

Изјавата на лидерот на Хамас доаѓа откако израелската војска денеска соопшти дека почнала напади на цели на Хамас долж Појасот Газа а по ракетниот напад во централен израел, при што се повредени седум лица.

За денешниот напад Израел го обвини Хамас, кој негираше вмешаност.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/03/2019 01:00