Во книжарницата „Литература.мк“ вечер од 19 часот ќе биде промовирана книгата „Дур дишам се надевам“ од Владимир Мартиновски. Книгата е издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, и содржи илустрации на Александра Филипоска.

-Латинската поговорка Sine linqua Latina nulla intelligentia (Без латински јазик нема знаење), која се чини е одамна заборавена, е појдовната идеја на книгата. „Дур дишам се надевам“ е скромен обид да научиме или некој да се потсети барем на мал дел од големите мудрости, стокмени во кусите латински пословици и поговорки, кои се воедно и наслови на овие уникатни, забавни и поучни песни, соопшти издавачот.

Владимир Мартиновски е есеист, поет и прозаист. Редовен професор е по предметот Компаративни поетики на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Неговата поезија е објавена на дваесетина јазици.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/03/2019 13:27