Доделени се наградите за најдобрите три бизнис концепт идеи во рамки на третиот Иновативен камп што се одржа во Делчево. Првата ја понесе бизнис идејата за електричен тротинет или електрични скутери кои ќе влијаат на намлување на загдувањето во поголемите градови.

-Нашата идеја со тротинетите е навистина потребна во Скопје и поголемите градови. Иако е мошне голем зафат за нас како деца од средно училиште,можно е во догледно време, доколку некој не ја реализира пред нас, да размислиме и да се зафатиме со реализација на оваа идеја и нејзино преточување во стварност, истакна ученикот Петар Таневски кој беше дел од победничкиот тим.

За претставникот на жири комисијата Маја Колекеска од Националната агенција за европски образовни програми „Имобилност“, од иновативниот камп произлегле прекрасни идеи кои заслужуваат внимание.

-Лично бев изненадена за колку кратко време тимови од различни училишта кои не се познавале и немале претходно соработка, дадоа прекрасни идеи, кои мислам дека можат да најдат вистинска основа и да заживеат во вистински бизниси. Ги охрабрувам учениците да размислуваат претприемнички и да размислат како своите идеи да ги преточат во реалност, а не да останат само на хартија, рече Колекеска.

Настанот го организираа Џуниор Ачивмент Македонија и општина Делчево со поддршка од УСАИД.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/03/2019 10:41