Онлајн-книжарницата КупиКнига.мк за својот седми роденден овој викенд ќе продава книги со попуст до 60 проценти. Соопшти дека тоа им го овозможува на своите читатели поради кои успешно функционира и ја остварува целта – повеќе од 54.000 наслови со еден клик да стигнат до нивниот дом.

-Со самото отворање на сајтот на книжарницата, станувате дел од магијата на КупиКнига.мк и посакувате секоја испишана страница да биде ваша сопственост. Овој викенд КупиКнига.мк ви го подарува токму тоа и прославува. Овој седми роденден сакаме да им искажеме бескрајна благодарност на сите читатели од нашата држава и целиот свет, изјави Стефани Петковска, продукт-менаџер на КупиКнига.мк.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/03/2019 12:18