Македонскиот писател Христо Петрески е добитник на меѓународната книжевна награда „Доситеј Обрадовиќ“ на Здружението на писателите на Србија. Оваа награда се доделува за сатира во литературата, а Петрески ја доби за својата поетска книга „Погрешен човек“.

Петрески деновиве стана добитник и на меѓународната награда „Борин печат“ за значаен придонес во книжевноста и културата, што му ја додели Книжевната заедница „Борисав Станковиќ“ од Врање, која годинава прославува 30 години постоење.

Петрески во 40-годишното книжевно творештво, е добитник и на меѓународните книжевни награди: Иво Андриќ, Гогољ, Гранпри, Книжевно перо, Икар, Мисаоник и други.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/03/2019 15:39