Дваесетта годишна конференција на Македонската берза ќе се одржи денеска во Охрид.

На отворањето на конференцијата е најавено обраќање на премиерот Зоран Заев, претседателот на Комисијата за хартии од вредност Нора Алити и главниот извршен директор на Македонска берза Иван Штериев.

На конференцијата ќе се разговара за геополитика на Западен Балкан – што да очекуваат инвеститорите, финансирање на корпоративниот развој, зошто ни се потребни локалните берзи, за обврзниците.

Денеска во Охрид биде доделено и „Кристалното ѕвоно“ за најтранспарентни котирани акционерски друштва за 2018 година, како и награди за овластени учесници на македонскиот пазар на хартии од вредност за 2018 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/03/2019 09:18