Претставници на Владата, на Делегацијата на ЕУ, на ЕБОР и неклку банки од земјава, денеска ќе го означат почетокот на Програмата за поддршка на конкурентностa на малите и средните претпријатија.

Програмата е финансирана од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската Унија и е креирана да им помогне на малите и средните претпријатија во земјата и регионално, во нивниот развој преку кредити, поддршка со грант и техничка помош.

Ќе биде презентиран преглед на можностите и придобивките кои се нудат преку програмата. Ќе присуствуваат претставници на финансискиот и деловен сектор и ќе се обезбеди одлична можност за вмрежување.

На настанот ќе се обрати заменик-претседателот на Владата за економски прашања Кочо Анѓушев.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/03/2019 10:18